Анго Ангов: Дојран ќе ангажира редари за празниците
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020
Дојран нема да има голем број на туристи поради тоа што капацитетите не се адаптирани за зимската сезона и немаат загревање, но општината ќе ангажира редари кои ќе и помагаат на полицијата за новогодишната ноќ, рече градоначалникот Анго Ангов во„Студио 10“ на 24Вести.
- Ние ќе ангажораме редари кои ќе и помагаат на полицијата иако многу е мал бројот на капацитети за зимскиот период, поради загревањето во викендиците. Но и тие што ги имаат мора да знаат дека мора да се почитуваат протоколите. Доколку има проблеми, редарите ќе пријавуваат нарушување на јавниот ред и мир, рече Ангов.
Тој вели дека општината има евиденција само за туристичките сместувачи, но не и за приватните викендици, кои би можеле да бидат изнајмени за празниците.
- Не ги знаеме оние кои имаат викендици како ќе реагираат. Доколку успееме да ја подигнеме свеста, веќе од пролет ќе може да ги почувствуваме убавините на Дојран, наведе Ангов.
Градоначалникот рече дека од почетокот на пандемијата најмногу отпуштања и затворање иво Дојран има во казино-бизнисот, кај стоматолозите и угостителските објекти, со намалениот број на грчки посетители поради затворениот граничен премин
Во Дојран од почетокот на ковд-кризата до сега имало само 60-тина позитивни случаи.