АНКЕТА: Колкава доверба ужива Заев, а колкава Мицкоски?
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2018
Премиерот Зоран Заев е поличар со најголема доверба кај граѓаните, а новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да се пофали со тоа колку од граѓаните му ја даваат довербата, покажува анкетата објавена вечерва на телевизија Телма.
За 24,1 отсто од испитаниците Заев е политичарот кој ја заслужува нивната доверба, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле 2,9 отсто.
Претседателот Ѓорѓе Иванов има доверба од 9,9 отсто од испитаниците, додека Али Ахмети има 4 отсто. Зијадин Села има доверба кај 2,9 отсто.