Aнкетата покажува кој ќе ја однесе победата во вториот круг
Објавено во: Македонија 25 Март, 2019
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, би победил во вториот круг од претседателските избори со околу 6 отсто разлика, покажува анкетата на Агенцијата М-Проспект, изработена за ТВ Телма.
Пендаровски би освоил 32,4 отсто од гласовите, додека Гордана Силјановска – 26,2 отсто.
Но, 22,7 отсто од анкетираните граѓани одговориле дека засега не одлучиле за кого ќе гласаат.