03 Мај, 2024
0.0281

Антокорупциската комисија денеска на два пати го става „на тапет“ министерот Асаф Адеми

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber


Новоформираната Комисија за спречување на корупцијата од денеска започнува со своето реално работење и на својата втора седница за претпладне закажа две точки кои се поврзани со министерот за култура Асаф Адеми.

Под точката број два закажано е отворање на постапки за утврдување на судир на интереси по службена должност, со што треба да се разгледаат последните афери со вработувањата на свои блиски роднини од страна на јавни функционери. Адеми веќе потврди дека неговата сестра е вработена во АД ЕЕМ, а исто така таму работно место доби и синот на пратеничката Мира Стојчевска. Во меѓувреме излегоа информации и дека работни позиции добиле и сватови на пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Во четвртата точка е предвидено отварање на предмет за злоупотреби на распределба на буџетски средства за финансирање на програма од областа на културата. Станува збор за распределбата на средства за проекти од Годишната програма изготвени од комисиите а кои наидоа на големо незадоволство кај некои културни работници и институции. Министерот Адеми изјави дека тој само го одобрил она што го одлучиле комисиите, но ресорот е сепак под негово раководство.

На дневен ред се уште две точки во кои што ќе се разгледуваат барања за мислења доставени од разни институции за тоа што е дозволено а што не да се работи во изборниот период, односно се додека не завршат претседателските избори по нивното распишување, како и усвојување на записникот од првата седница кога антикорупциската комисија се формираше.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите