27 Април, 2024
0.0305

Апасиев контра Пендаровски и Антикорпциска: Штитите судир на интереси

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дали брачниот пар Еролд и Афродита Муслиу под заштита на претседателот Пендаровски, си направиле приватен бизнис од нашето државно разузнавање?

И дали Антикорупциската комисија прави класично прикривање на посочениот судир на интереси?

Вакво прашање постави Димитар Апасиев од Левица споделувајќи пост на партијата во кој детално се образложува случајот. Тврдат дека цела година Антикорупциската комисија одбива да отвори предмет против директорот на Агенцијата за разузнавање – Еролд Муслиу, иако до институцијата биле доставени три приговори за постоење судир на интереси во работата на Агенцијата. 

„Според сомневањата, Муслиу спротивно на Законот за спречување на корупција го вработил лицето Васко Шутаров кој претходно бил ангажиран во невладината организација „Нексус”, каде извршна директорка е токму неговата сопруга – Афродита Муслиу. Ако се разгледаат извештаите на оваа невладина организација, речиси и да нема никаква разлика со владината пропанда за шиканирање неистомисленици. Дополнително, против Муслиу е поднесен приговор дека без распишување на јавен оглас во Агенцијата го вработил лицето Фуат Стафа – брат на Државниот правобранител Фехми Стафа. Ако се има во предвид фактот дека Државниот правобранител ја застапува Агенцијата за разузнавање за работни спорови иницирани од вработени во Агенцијата, евидентна е намерата за влијание врз оваа установа и загрозување на правата на вработените, стои во објавата.

Додаваат дека уште минатата година од кабинетот на претседателот Пендаровски, под плаштот, како што велат, за наводна загриженост за работата на безбедносните служби, упатиле апел Антикорупциската комисија да ги разгледа овие наводи и да утврди дали постои одговорност кај директорот Муслиу. 

„И покрај сериозните обвинувања за незаконско работење и оддавање државни тајни со кое се компромитира работата на безбедносните служби, Антикорупциската комисија цела година одбива да отвори предмет против Еролд Муслиу и да преземе соодветни дејствија преку кои ќе ги потврди или отфли наведените сомнежи, велат од Левица. 

Сметаат дека професионалноста и објективноста на оваа комисија е евидентно нарушена, со оглед на тоа дека Комисијата без речиси никакви административни филтри експресно покренува иницијативи против функционери кои не се дел од оваа власт, а кои често се отфрлени поради нивната недоволна правна поткрепеност.


Можеби ќе ве интересира

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок