Апасиев: Си игравме дрндупки, ама поднесуваме 101 тужба
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Партијата Левица денеска ќе поднесе 101 тужба до Управниот суд, најави синоќа претседателот Димитар Апасиев. Тој рече дека Државната изборна комисија им отфрлија 1.500 приговори ама со право.
„И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото. Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ - со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати - ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници!
Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите - истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК? Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмена забелешка во записникот“!?
Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре - нашиот правен тим - ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд, вели Апасиев.
Претходно тврдеше дека прави филибастеринг и дека го насанкале системот и направиле урбана герила.