05 Мај, 2024
0.0222

„Apple“ работи на своето прво беспилотно возило?

Објавено во: Стил 16 Август, 2015

Добивај вести на Viber

„Apple“ работи на своето прво беспилотно возило објавија „CNBC“, повикувајќи се на пост на британскиот „Guardian“.

Британското издание се повикува на инженери, кои побарале анонимност, според кои корпорација на САД ги завршува подготовките за испитувања на прво беспилотно возило.

„Apple“ планира да ги одржи тестовите во поранешна воена база недалеку од Сан Франциско, во која претходно се направени испитувања за моделите на Mercedes-Benz и Honda.

Производителот на „iPhone“ засега одбива да ги коментира информациите.

Гласини за беспилотните возила на „Apple“ се носат од некое време, но компанијата одбива да признае јавно дека прави таков развој. Токму тишината ги тера многу да мислат дека гласините најверојатно се вистинити.

Технолошкиот гигант веќе ангажираше раководители со искуство во автомобилската индустрија, а само пред неколку недели, главниот извршен директор Тим Кук ја посети и производствена линија на BMW во Германија.