AПСЕЊА ВО БОСНА: Приведени воени злосторници
Објавено во: Балкан 27 Април, 2018
Уапсениот 64 годишен командант Атиф Дудаковиќ бил дел од единицата која оперирала во западна Босна, а станал командант после војната и е високо почитуван и популарен во земјата. Тој е уапсен во градот Бихаќ.
Како што пренесува РТРС се работи за предметот за воени злосторства и акцијата „Сана 95“.
Пензиониранираниот генерал на тн. Армија на БиХ е осомничен за воени злосторства на територијата на западна Краина, на подрачјето на Петровац, Кључ, Сански Мост и Крупа на Уна.
Босанската полиција уапсила 12 лица меѓу кои и поранешен командант кој е осомничен за злосторства против човештвото против стотици луѓе за време на конфликтот во 1992 до 1995 година. Тие се уапсени поради поврзаност со смртта на стотици луѓе меѓу кои српски цивили и војници, како и босански муслимани.