АПСЕЊА ВО ФРАНЦИЈА: Планирале да извршат напади на туристи
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017
Четири лица денеска се уапсени во градот Монтеље во Франција под сомнение дека планирале напад на туристи.
Меѓу нив има и девојче на возраст од 16 години.
Според информации на телевизијата Ем-5, групата имала намера да изврши напад со бомбаши самоубијци во туристичка зона во Париз.
При претресот кај лицата биле најдени експлозивни направи и компјутери. Полицијата им влегла во трага преку набљудување на социјални мрежи.