ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 03 Мај, 2024
Огромен пожар избувна во металуршка фабрика во Берлин, а густ отровен чад го обви небото.
"Зградата на четири спрата сега е целосно изгорена. Дел од зградата веќе се сруши. Го гаснеме само однадвор. Пожарот повеќе не може да се контролира однатре", изјави Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна служба, за „Блид“.
Противпожарната служба апелира до околните жители да останат во своите домови бидејќи има опасност од „токсични испарувања од пожарот“ откако хемиска фабрика во југозападен Берлин „целосно беше зафатена од пламен“.
Во прашање е металуршкиот комбинат на одбранбено-индустриската компанија Diehl, јавуваат локалните медиуми.
Diehl ги произведува, меѓу другото, системите за воздушна одбрана Iris-T.
Фото: Принтскрин/Твитер