АПСЕЊА ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Принцови и функционери притворени во луксузни хотели
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
Антикорупциската комисија во Саудиска Арабија уапси најмалку 17 принцови и државни функционери, објавија светските медиуми.
Тие се притворени во луксузни хотели, а не во затвори.
Меѓу уапсените е и принцот Алвалид бин Тала, милијардер што поседува 95% од „Кингдом холдинг“, голема корпорација што има удели во глобални компании како „Твитер“, „Епл“, „Сити груп“ и „Њус корп“.
Уапсени се најмалку 38 поранешни и сегашни министри и заменици-министри. Сите се товарат за корупција.
Новата антикорупциска иницијатива е по наредба на кралот Салман. Според некои аналитичари, новата акција е дел од обидот на Салман да ги тргне своите роднини од врвот на земјата, која е најголем светски извозник на нафта.
Во јуни, оваа година принцот Мухамед бин Салман беше поставен на чело на државата откако неговиот татко, кралот Салман Ал Сауд одлучи да се откаже од поранешниот престолонаследник.