Арапите најдоа нова нафта, дали ова е спас?
Објавено во: Свет 22 Декември, 2016
Саудиска Арабија почнува да бега од нафта и да собира профит од соларна енергија.
Планот на арапските инженери предвидува дека приходот од соларна енергија ќе земе замав во следниот квартал.
„Очекувам дека во првиот квартал ќе има производство од околу 500 мегавати, а дека подоцна ќе се зголеми“, вели Педи Падмантон, раководител на една таква компанија во Ријад.
„Тоа би можело да биде почеток за развојниот бум во регионот, вели тој.
Најголемиот светски извозник на нафта троши најмногу на производство на електрична енергија. Се проценува дека на Кралството му се потребни 900 000 барели дневно нафта за струја. Доколку дел би пренасочиле на изворна енергија, би можеле да имаат повеќе нафта за извоз.
Арапите планираат да извлечат уште 700 мегавати од енергија на ветерот.
„Очекуваме дека Саудиска Арабија ќе биде лидер во регионот кога се работи за пазарот на обновливи извори“, рекол Сами Кораби , директор на една компанија со седиште во Абу Даби.
Секако ќе ни треба време, но важно е да направиме некое поместување“, рекол тој.
Саудијците бараат помош и од финансиски советник како да привлечат инвеститори во три проекти од обновливи извори. Се проценува дека ќе бидат потребни околу 1,5 милијарди долари за нивна изградба.
Приходот од обновливи извори се наоѓа во планот на Владата кој е познат како Визија 2030, чија цел е да ја намали зависноста на економијата од нафта.