САД КУПИЈА АВИОНИ ОД ДРЖАВА КОЈА Е РУСКИ СОЈУЗНИК: Дали тие ќе завршат во Украина?
Објавено во: Свет 29 Април, 2024
САД купија авиони од држава која важеше за руски сојузник.
Американците купиле 81 советски борбен авион од Казахстан, објави Киев пост. Казахстан, кој ги модернизира своите воздухопловни сили, одржа аукција на која беа продадени 117 советски борбени авиони, вклучувајќи пресретнувачи МиГ-31, ловци-бомбардери МиГ-27, ловци МиГ-29 и бомбардери Су-24 од 1970-тите и 1980-тите. Објавената вредност на продажбата била 1 милијарда казахстански тенге, или 2,26 милиони долари, пишува Пост, што значи дека просечната вредност на секој авион била 19.300 долари. Мотивот за купувањето од САД е непознат, но зголемена е можноста за нивна употреба во Украина, каде што се користат слични авиони.