06 Мај, 2024
0.0248

АРАПСКИТЕ ЗЕМЈИ МУ ДАДОА РОК НА КАТАР: Од што земјата мора да се откаже?

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Aрапските земји испорачаа барања за Катар за надминување на кризата. 

Четири држави предводени од Саудиска Арабија издадоа список на барања за завршување на нивниот бојкот против Катар. Се бара Катар да ја затвори телевизиската мрежа Ал Џезира и да ги прекине односите со Иран. Листата содржи 13 точки  со кои се бара и Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава. Катар има рок од десет дена да ги исполни барањата. 

Катар треба да се откаже од натурализација на граѓани на четири земји и да ги протера тие кои се на негова територија. Предвидено е и Катар да ги предаде сите лица по кои е распишана потерница во Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин под обвинение за тероризам; да го запре финансирањето на екстремистичките организации, прогласени за терористички од страна на САД, како и да достави информации за опозиционерите.

Што се однесува во делот за Иран, се наведува дека Катар треба да ги затвори дипломатските претставништва во Иран и да ги протера сите членови на елитниот ирански воен Корпус на гардата на Исламската револуција и да тргува со Техеран во согласност со американските санкции.

Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар овој месец обвинувајќи го за поддржување на тероризам.

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК