03 Мај, 2024
0.0280

Арбен Зибери од Инфективно в понеделник на гласање во кабина?

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Талат Џафери, претседателот на Собранието, денеска најави дека во понеделник ќе закаже седницата на Собранието на која ќе има избор на рабони тела, но на тесното владеачко мнозинство му е потребен и гласот на пратеникот Арбан Зибери кој е на инфективната клиника. Џафери информираше дека Зибери се чувствува добро, и до понеделник ќе се знае дали ќе дојде во Собрание и на кој начин ќе гласа.

Зибери на 30 август гласаше од посебна просторија во Собранието за неговата конституција. Дека има пратеник кој не е физички присутен во слата каде се одржуваше седницата, пред гласањето објави претседателот Џафери. Сепак тој не кажа за кого станува збор. Подоцна стана јасно дека тоа е Зибери, поранешниот директор на скопскиот Центар за јавно здравје, кого министерот Венко Филипче го смени од функцијата. 

Додека Џафери смируваше дека нема опасност за другите пратеници, после и новоизбраниот премиер Зоран Заев рече дека пратеникот не го прекршил протоколот со тоа што излегол од изолација. Според Заев тој воопшто не бил позитивен туку чека резултати, а бил изолиран бидејќи не се чувствувал добро.

Од Кабинетот на спикерот Талат Џафери потоа излегоа со мало, како што го нарекуваат, објаснување во врска со пратеникот Зибери. 

„Пратеникот не беше на седница воопшто, тој не се чувствувал добро, истиот не е ни изолиран ниту тестиран за КОВИД - 19, тој лично не се чувствувал добро, и од колегијален аспект го информирал претседателот на Собранието дека не се чувствува добро. Оттука, петседателот на Собранието по протокол на здраствена комисија што ни беше доставен преку препораките (во случај некој и да се двоуми односно субјективно да сугерира дека не се чувствува добро) Собранието да биде подготвено со посебен простор за гласање. На горниот кат постои кабината за превод определена за таа намена, која беше дезифицирана, и пратеникот дојде само во моментот на гласање директно од кола се каци во лифт и во просторијата, по завршуванје на гласањето тој се врати со лифтот и директно во кола, немаше контакт со никого. А лифтот секако после него не беше во функција до момент на дезифицирање. Претседателот на Собранието Џафери целосно и доследно ги почитуваше протоколите дадени од Комисијата“, децидни се од Кабинетот на спикерот Џафери.

Поранешниот  директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, Арбен Зибери, на 8 септември во тешка состојба бил пренесен на Клиниката за инфективни болести, пренесуваат дел од медиумите.

Можеби ќе ве интересира

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи