Армијата на една европска земја е во криза
Објавено во: Свет 13 Март, 2019
Австриската армија е во финансиска криза.
Таа наскоро нема да може да ги исполни своите задачи поради драматичната состојба со недостиг од пари. На ова предупредува началникот на Генералштабот, Роберт Бригер.
Предупредувањето на Бригер дојде откако поранешниот претседател на Австрија, Александар ван дер Белен, во интерна анализа, наведе дека армијата веќе не е во можност да ги исполни своите уставни задачи.
Генералштабот повикува на зголемување на буџетот за армијата од сегашните 2,2 на најмалку 3,3 милијарди евра до 2022 година. А потоа најмалку еден процент од БДП, или повеќе од четири милијарди евра за покривање на „она најпотребното”.
Тој истакна дека постои голема разлика меѓу уставните задачи, состојбата на буџетот и реалната состојба во армијата.
„Во изминатите две децении, војската драматично се оддалечи од својата способност самата да ја брани земјата. Наскоро војската нема да може да врши воени задачи поради застареност на речиси сите системи за оружје”, стои во документот.
Постојаните заштеди доведоа до безбедносни дупки.