26 Април, 2024
0.0309

Арсовски: Ако не се смени начинот на владеење залудно е да се сменат и сите функционери

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Очекувањата кои ги имаше јавноста, експертите и политичките актери од реализирање на операцијата „Метла“ по објавата на имињата на новиот владин состав не се реализираа целосно. Напротив за дел од решенијата има критики дека се несоодветни кадри, дека дел од министрите се само прераспределни, а најмногу критики има за преземањето на функцијата прв финансиер на државната каса од страна на премиерот Заев кој се нафаќа да го води еден од најкомплицираните владини ресори. Со политичкиот аналитичар Петар Арсовски правиме рекапитулар на досегашните кадровски решенија, за тоа кои се главните предизвици со кои мора да се соочи премиерот Заев за да обезбеди вистински реформи и промени во начинот на кој функционира власта, а со тоа и владеење на правото и раст на економијата со поддршка на реалниот сектор.

Фактор: Познати се имињата на новите владини министри, како и на тие кои добиваат голата или целосно се повлечени од Владата. Дали оваа владина реконструкција ги исполнува очекувањата за најавената метла, што доби и што загуби Заев со ваков список?

Арсовски: Реконструкцијата како што е направена не е преголема, такашто за целосна оценка за промените треба да се почекаат сите преименувања, вклучително директори на јавни претпријатија и владини сектори.  Сепак, не се имињата најважни, најважно е дали со реконструкцијата ќе се смени и начинот на практикување на власта, односно дали ќе се бараат повеќе резултати од министрите, дали ќе има систем на одговорности и поефикасно спроведување на владините политики.  Без таква промена, и сите функционери да се сменат, новите набрзо ќе почнат да се однесуваат како старите.

Фактор: Најголемо изненадување како и одлука која најмногу се дочека со критики па дури и потсмев е чекорот премиерот Заев да ја врши и функцијата министер за финансии. Дел од јавноста навиваше Тевдовски да биде разрешен, па дали ова ќе ги задоволи очекувањата?

Арсовски: Повторно, очекувањата не се врзани за личност, туку за резултати: доколку оваа промена, која е контроверзна, но не е целосно невообичаена (Ципрас истото го направи претходно во Грција, доведе до поголема концентрација на бизнис реформите, го направи исполнувањето на буџетот, особено кај капиталните инвестиции, поефикасно, тогаш, условно речено „се ќе биде простено“.  Ако не се случат такви промени, тогаш Заев ќе плати двојна цена – и како премиер и како министер за финансии.

Фактор: Пред еден месец анализиравме дека кадровските промени без промена на начинот на функционирање не се доволни. Што треба да биде следен чекор за вистински промени на подобро работење на администрацијата и услугите кон граѓаните и компаниите?

Арсовски: Владата мора да се фокусира на најважните неколку приоритети, наместо да биде расплината на премногу полиња. Преспанскиот договор покажа дека кога сме фокусирани, и тешките проекти се можни. Затоа, мислам дека владата треба да го намали бројот на ветувања, да се концентрира на по неколку поважни проекти во секое министерство, ама тие навистина и да ги спроведе.

Фактор: Метлата како политички наратив на владејачката коалиција ќе се потроши по смената на сите најавени кадри, имаме неизвесност во евроинтеграциите на временски план, закани од политичките од соседството, како и опозиција која бележи раст на рејтингот. Што треба да направи Заев за да се справи со овие предизвици и да испорача економски резултати како што е ветено?

Арсовски: Мислам дека економијата е важен наратив, но е беспредметен без испораката на правда. Не постои ниту еден електорат кој бил задоволен од економијата, дури ни во САД.  Затоа, економијата треба да биде постојан и концентриран фокус на политиките, но проектот на промена на општеството во правна држава (што е еден и од основните предуслови за бизнис) се уште не е завршен.


Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?