Асад тврди - Сликата од рането дете во амбулантно возило е лажна
Објавено во: Свет 19 Октомври, 2016
Сирискиот претседател Башр ал Асад во изјава која беше пренесена на повеќе западни медиуми тврди дека сликата од 5 годишното детенце облеано во крв и прашина од експлодирана бомба како чека помош во амбулантно возило е лажирана.
На овој начин уште еднаш ја шокираше јавноста бидејќи одбегнува одговорност за сите злодела кои неговата армија ги изврши врз бројни цивили особено во Алепо каде има целосна хуманитарна криза.
Асад исто така ги отфрли обвинувањата дека е воен злосторник и посочи дека терористи на Ал Каеда оперираат маскирани како хуманитарци и на тој начин вршат нови напади.