„РАЈ ЗА СУПЕРБОГАТИТЕ“: Една европска земја е позната по своите милијардери, еве што се крие зад таа приказна
Објавено во: Свет 07 Мај, 2024
Шведска ужива глобална репутација поради политиката на високи даноци и социјална еднаквост, но штотуку се искачи на врвот на друга листа - таа е меѓу „главните градови“ на супербогатите во Европа.
Колку супербогати луѓе има во Шведска и зошто бројот постојано се зголемува? Со левоориентираната земја моментално владее десничарска коалиција, но поголемиот дел од минатиот век беше управувана од социјалдемократи, избрани со ветување дека ќе ја зајакнат економијата на одржлив и рентабилен начин, со даноци за финансирање силна „држава на благосостојба“.
Во Шведска, во последните три децении, бројот на супербогатите постојано расте и не покажува тренд на намалување.
Колку милијардери има во Шведска?
Да се вратиме една деценија наназад - годината е 1996 година, а во Шведска живеат само 28 луѓе чиј имот се проценува на повеќе од една милијарда круни. Таа сума по денешниот курс би била околу 91 милион долари. Повеќето од нив на списокот на бизнис-магазинот „Веканс афаер“ потекнуваат од богати семејства, кои со генерации стекнале значително богатство.
А до 2021 година, тој број порасна на 542 „круни милијардери“ во Шведска. Во анализата објавена од весникот „Афтонбладет“ се проценува дека тие 542 лица поседуваат богатство вредно 70 отсто од БДП на Шведска.
Во Шведска живеат само десет милиони луѓе, но има многу милијардери по глава на жител. На листата на милијардери за 2024 година, „Форбс“ вклучи 43 Швеѓани меѓу луѓето кои имаат богатство од повеќе од една милијарда долари.
Тоа значи дека во Шведска на секој милион луѓе четворица од нив се милијардери. За споредба, во Америка таа бројка е два на милион луѓе, но во Америка живеат 813 милијардери, од 342 милиони луѓе.
- Растот на бројот на богати дојде тивко, не го ни забележавме додека веќе не се случи. Во Стокхолм се повеќе е видливо богатството, но и контрастот меѓу супербогатите и луѓето кои се навистина сиромашни – изјави за „Би-Би-Си“ новинарот Андреас Червенка од „Афтонбладет“.
Од каде наеднаш дојдоа толку многу милијардери во Шведска?
Една од причините е технолошката сцена. Шведска без причина не се нарекува „Силиконската долина на Европа“. Во изминатите две децении создаде дури 40 старт-ап компании „еднорог“, кои вредат по повеќе од милијарда долари. Skype, Spotify, Tink, Voi се само некои од технолошките компании основани во Шведска.
Претприемачот Ола Алварсон го привлекува вниманието и на културата на соработка која постои на шведската деловна сцена, која ја смета за своевидна реткост. Успешните претприемачи стануваат не само пример за помладите генерации, туку честопати и нивни инвеститори, така што индустријата во која постигнале успех продолжува да цвета.
Шведска е исто така одличен тест пазар, смета тој.
- Ако сакате да видите дали нешто функционира, прво можете да го тестирате во Шведска. Нема преголем ризик за вашиот бренд или цената на акциите, а тој тест ќе ве чини малку - рече тој.
Червенка, пак, подвлекува уште еден феномен кој и помогна на Шведска да стане „рај за супербогатите“.
Од втората деценија на 21 век, па се до пред неколку години, Шведска имаше ниски каматни стапки. Позајмувањето пари било евтино, па Швеѓаните со „вишок“ пари инвестирале во недвижен имот, како и ризични инвестиции како што се технолошките старт-ап, кои како резултат постигнале уште поголема вредност.
- Растот на бројот на милијардери делумно е предизвикан од силната инфлација на вредноста на имотот - рече тој.
Најбогатите Швеѓани плаќаат повеќе од 50 отсто од личниот доход, што е меѓу највисоките даночни стапки во Европа, Червенка вели дека одредени даноци се приспособуваат да одговараат на богатите.
Даноците на богатство и наследство се укинати, а даночните стапки на добивката од акциите и исплатите на сопствениците на делови од компаниите се многу пониски од стапките на данокот на доход.
- Денеска не мора да ја напуштите Шведска ако сте милијардер. Впрочем, некои од нив доаѓаат овде да живеат - вели Червенка.
Иако во Шведска, велат многумина, нема нијанса јавна дебата за богатството, медиумската слика за милијардерите е доминантно позитивна. Нивното богатство ретко се објаснува во контекст на економската политика на земјата.
- Сè додека супербогатите се сметаат за олицетворение на идеалите на неолибералната ера - напорна работа, преземање ризик и претприемачки начин на размислување - нееднаквоста не е доведена во прашање - вели медиумскиот аналитичар Аксел Викстром.
Меѓу најбогатите луѓе во Шведска - за чие оданочување не се зборува многу, но нивниот победнички менталитет е подвлечен - мнозинството сè уште се белци. Шведска е лидер во многу области, но голем број луѓе сè уште се исклучени од одредени системи.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.