Добивај вести на Viber
Да се формира специјален буџет за земјите од еврозоната, предложи високиот официјален претставник на Европската централна банка (ЕЦБ), Јерг Асмусен.
Овој буџет, според него, ќе им помогне на земјите членки погодени од криза да ги финансираат реформите кои се неопходни за да ги доведат во нормала своите економии, пренесува агенцијата Франс прес.
Оживувајќи ја оваа идеја, која прв пат во декември минатата година ја претстави претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, Асмусен изјави дека околу 15-20 милијарди евра би можеле да бидат оставени настрана, заради ублажување на финансискиот терет на одделни болни реформи.
„Во замена за тоа, би можеле да постојат обврзувачки договори кои би утврдувале кои реформи мора да бидат спроведени од страна на земјата во одреден временски рок. Земјите членки најпрово ќе уплатуваат средства во овој фонд, но гледано на подолг рок, ќе мора да размислиме на кој начин би го финансирале“, изјави Асмусен на конференцијата во Берлин.