06 Мај, 2024
0.1690

АСО: Осигурителните компании да се воздржат од поделба на дивиденда и бонуси

Објавено во: Економија 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Да преземат мерки да го одржат капиталот и солвентноста и да се воздржат од распределба на добивката во форма на дивиденда - ова се дел од препораките за осигурителните компании кои денеска ги донесе Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Осигурителниот сектор е стабилен, а АСО, будно ги следи состојбите и потенцијалните ризици кои може да влијаат на осигурителниот сектор од ширењето на вирусот КОВИД-19, велат оттаму. По одржаната седница со која претседавал претседателот на Советот на експерти Крсте Шајноски, од Агенцијата ги соопштија и заклучоците кои важат за сите учесници на пазарот на осигурување во земјава. 

Впрочем ќе се одложи започнувањето на прекршочни постапки кон субјектите на супервизија, а ќе се одложи спроведувањето на претходно планираните теренски супервизии на друштвата за осигурување и останатите субјекти на супервизија. Од АСО соопштуваат и дека се овозможува флексибилност во доставувањето на редовните извештаи кои субјектите на супервизија имаат обврска да ги достават до Агенцијата во периодот на траење на вонредната состојба во државата, со можност истите да се достават во дополнителен рок од 30 дена од законски утврдениот рок.

„Им се наложува на субјектите на супервизија да ги преземат сите можни мерки за одржување на нивниот капитал и солвентност во насока на целосна заштита на правата на осигурениците. Се препорачува субјектите да се воздржат од распределба на добивката на друштвата во форма на дивиденда или други бонуси кон членови на органи на управување како и воздржување од трошење на средствата на друштвата на непродуктивни расходи, во периодот додека трае кризата. Се препорачува друштвата за осигурување да бидат свесни за околностите во кои се наоѓаат клиентите и да постапуваат правилно со нив во текот на целиот циклус почнувајќи од побарување, купување на производот/услугата, и обновување на договорот, стои во известувањето од АСО.

Во меѓувреме ќе се одложи и организирањето на обуки и испити за застапници во осигурување и осигурителни брокери.

„Агенцијата продолжува континуирано да ја следи состојбата и да презема соодветни мерки неопходни за намалување на негативното влијание врз стабилноста на осигурителниот пазар и заштитата на правата на осигурениците, стои во известувањето.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години