АТМОСФЕРАТА ЌЕ БИДЕ ЗАМАТЕНА, А ВРЕМЕТО МАЧНО И СПАРНО: Времето во следните денови

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 06:30
Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено и локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дума умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„И во Скопје и околината следува период на променливо бреме со услови за појава на повремен локален дожд, повремено пороен и со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Сето ова е поради влијанието на циклонската активност (поле со низок возушен притисок) со потекло од западна Европа, а потоа и над Џеновскиот Залив.
Сепак, и покрај ова останува топло времето, односно со пролетни температури на воздухот кои преку ден на многу места ќе се искачуваат до близу, или околу 20 степени. На повеќе места тие ќе надминуваат и 20 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие повремено ќе се искачуваат и до околу 25 степени, а повремено истите би можеле да надминуваат и 25 степени.
Во Скопје и околината во текот на оваа работна седмица останува пролетно топло со температура која ќе надминува 20 степени.
Да напоменам дека поради изразеното јужно воздушено струење, оваа работна седмица од Сахара кон нашата Република Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде позаматена, а времето ќе биде помачно и поспарно“, вели Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество
