СОНЧЕВО И ТОПЛО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: синоптичарите најавуваат големо заладување наскоро - продор на студен бран од север
Објавено во: Македонија 19 Април, 2025 07:12
Убаво и пријатно топло време на очекува за Велигденските празнични денови. Како што најавуваат синоптичарите, денеска ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 5 до 11, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени.
Во Скопје слично време, но ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 10, а максималните ќе достигнат до 25 степени.
За време на големиот христијански празник Велигден во недела ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а веќе од понеделник синоптичарите најавуваат облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години и искористете го максимално сончевото време бидејќи за неколку денови се најавува ново заладување од север.
- После 25 април, од североисток кон Балканот се црта спуштање на ладен зимски продор кој би условил појава на нови мразеви и студено време.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




