АУКЦИЈА: УЈП распродава машини и возила
Објавено во: Економија 14 Декември, 2020
Aвтомобили, машини, движен и недвижен имот. Сето ова се нуди на аукција.
Управата за јавни приходи (УЈП) на јавна аукција закажана за 28 месецов, ќе понуди на продажба автомобили, товарни возила и машини запленети по основ на неплатени давачки.
На аукцијата, се нуди „мерцедес бенз спринтер“ од 2008 година по цена од 225.000 денари, „форд фургон“ од 2007 година по цена од 294.250 денари, „рено клио“ од 2003 година по цена од 47.355 денари
Заинтересираните можат да се пријават и да учествуваат во процесот на надавање и лицитација за предметите кои се предмет на јавна аукција/продажба.