Авион со џихадисти од Сирија слета во Сараево
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2019
Воен авион со членови на Исламска држава слета во Сараево.
На аеродромот вечерва пристигнаа државјани на Босна и Херцеговина, кои се бореле во терористичката организација Исламска држава во Сирија, пренесуваат босанските медиуми.
Претходно беше најавено дека мажите по кои е распишана меѓународна потерница, веднаш треба да бидат спроведени во просторијата на Обвинителството на БиХ, бидејќи веќе им е определен притвор.
Оваа група требаше да пристигне во Сараево пред две недели, но еден ден пред депортацијата се беше одложено, иако Претседателството на БиХ беше согласно.
Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ претходно изјави дека БиХ е „темпирана бомба“, а изјава во ист контекст даде и францускиот претседател Емануел Макрон, алудирајќи на исламистите кои се враќаат во БиХ. Овие изјави ги вознемирија властите во БиХ.Францускиoт европратеник Жордан Бардеља, од редовите на Националниот фронт на Марин Ле Пен, минатиот месец до Европската комисија достави иницијатива за прекинување на процесот на проширување со БиХ.
Во иницијативата стои дека за БиХ и другите земји од регионот нема место во ЕУ.