Австралијци сакале да се придружат на ИД
Објавено во: Свет 15 Мај, 2016
Властите во Австралија денеска покренаа обвиненија против петмина Австралијци.
Тие се товарат дека планирале да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава. Како што пренесоа тамошните медиуми, петмината мажи на возраст од 21 до 31 година се уапсени кога со мал брод се обиделе илегално да заминат во Индонезија или Филипините, а оттаму да тргнат за Сирија за да и се приклучат на ИД. Полицијата информира дека обвинетите се упасени во вторникот во градот Кернс, во сојузната држава Квинсленд, каде допатувале од Мелбурн.
Тие се обвинети за „планирање да влезат во странска држава и да се приклучат кон акти на насилство“. За ова дело петмината можат да бидат осудени на доживотен затвор.