Австрија ќе наплаќа по 840 долари од бегалците за престој во земјата
Објавено во: Свет 05 Јули, 2018
За престој во земјата, австриските власти ќе наплаќаат по 840 долари од бегалците, а покрај тоа според измените на Законот за правна положба на странски државјани која долниот дом на парламентот ја усвои денеска, тие имаат право и да ја прегледуваат содржината на нивните мобилни телефони.
За новиот Закон едногласно гласаа пратениците од владејачката коалиција, на конзервативната Народна партија и крајно десничарската Партија на слободата па сега полицијата има овластување да приведува лица и да ги задржува 6 недели ако немаат документи за престој во земјата.
Освен тоа, тие имаат право на пристап до мобилните телефони на мигрантите за ажурирање на податоци и за проверка на маршутата, по која пристигнале во Европската унија и од бегалците ќе бидат побарани или пак ќе бидат задржувани истовремено со исплатата на социјалната помош, 840 евра како надомест за азил