Австријците имаат проблем, Хрватите им го уништија бизнисот
Објавено во: Свет 23 Мај, 2018
Во Австрија земјоделците кои произведуваат краставици имаат проблеми затоа што нема работници кои ќе го соберат родот.
Посебно фали работната сила од Хрватска која замина за Германија.
На австриското земјоделство очајно му требаат работници, пишуваат тамошните медиуми.
Само на една фарма во горна Австрија се бараат 250 работници.
Оваа година Австријците поради овие проблеми ќе произведат за 15 отсто помалку краставици од лани.
Идната година ќе биде уште полошо.
Во Австрија на берачите им плаќаат по 6.5 евра од час, а во Германија по 9 или повеќе од 9 евра.