Австриски специјалци растуриле новогодишна забава на девет Срби во Виена
Објавено во: Балкан 03 Јануари, 2021
Припадниците на специјалната единица на австриската полиција Вега беа принудени да „разбијат“ бучна новогодишна забава во Виена со употреба на сила.
Девет лица присутни на забавата во 20-та област во Виена, поради нивното агресивно однесување, наводно предизвикале интервенција на членовите на „Вега“.
Како што беше соопштено денес, полицијата користела палки и бибер спреј за време на интервенцијата, со цел да се стави ситуацијата под контрола.
Полицијата во 20-та област, околу 02,45 часот по полноќ на новогодишната ноќ, добила жалба од еден станар се слуша голема врева од соседен стан.
Во тој стан, полициска патрола пронашла девет лица кои не сакале да соработуваат.
Меѓу нив е и 48-годишен српски државјанин, против кого постои потерница за неплатени казни.
Кога полицијата се обиде да го уапси, неговото семејство реагираше напаѓајќи ги службениците.
Полицајците биле удирани со тупаници, па затоа побарале помош од специјалните единици.
Кога специјалците пристигнаа пред станот, беа нападнати, па мораа да извадат палки и бибер спреј .
Покрај 48-годишникот, уапсени се уште двајца мажи на возраст од 30 и 27 години, како и 31-годишна жена.
Тие се обвинети за отпор кон полицијата и за предизвикување сериозни повреди.
Еден полицаец се здобил со повреди на раката и морал со брза помош да биде пренесен во болница.
Двајца од уапсените исто така се здобиле со повреди, но полесно, па по краткиот престој во болницата, биле пуштени на домашно лекување.
Сите девет учесници на забавата беа обвинети и за кршење на мерките за корона.