05 Мај, 2024
0.0292

АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ЌЕ „ПРОТЕСТИРААТ“ ПРЕД ВЛАДАТА, претпријатието бара исплата на заостанатите долгови

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје апелира и бара од Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието.

- Во моментов Владата, односно Министерството за образование има долг кон ЈСП од 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари - истакна  Зоран Глигоров, генерален секретар во Град Скопје на денешната прес конференција во врска со најновите случувања со ЈСП.

Тој појасни дека долговите кон ЈСП кои се бројат во милиони евра го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието и создаваат проблеми во тековната работа, односно исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.

- Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП Скопје има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски. Скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието најавува дека од утре среда 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП -додаде Глигоров.

На темата свој став истакна и градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека сите институции кои му должат пари на ЈСП за услугите кои ги врши на терен на тој начин оневозможуваат да се обезбедат потребните финансиски средства за тековно подмирување на трошоците кои ги има претпријатието, потребно е веднаш да ги подмират долговите. Доколку не се направи тоа, градоначалничката рече ќе отпочнат со постапки кои се во нивна надлежност.

- Ние ќе почнеме со сите постапки кои се во наша надлежност, а ќе им ги паркираме автобусите на ЈСП пред Владата и пред останатите институции кои ги блокираат процесите и на тој начин ќе овозможиме бесплатен јавен превоз за граѓаните и се додека не ги реализираме овие работи кои тие ги долгуваат нема да се поместат автобусите од пред надлежните институции од каде што треба да се добијат овие средства - потенцира Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца