08 Мај, 2024
0.0232

Азески нов претседател на Коморскиот инвестициски форум

Објавено во: Економија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија од идниот месец ќе биде именуван за претседател на Коморскиот инвестициски форум. Одлуката е донесена на денешната седница на Управниот одбор на КИФ.

„Од основањето на Коморскиот инвестициски форум како заедничка институција на шесте комори од Западен Балкан, направени се значителни поместувања во поглед на поврзување на бизнис заедниците и економиите од регионот и зајакнување на меѓусебните односи на ниво на шесте влади од Западен Балкан. Шесте комори во рамки на КИФ, во соработка со своите стратешки партнери и поддржувачи на процесот за креирање единствена регионална економска област, активно работат на имплементација на проектни активности во насока на креирање на подобри услови за работа на компаниите во регионот но и нивен настап на европските пазари- истакна претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на денешниот состанок на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум.


На состанокот на Управниот Одбор, претседателите на шесте комори заедно со националните координатори на активностите во рамки на КИФ, дискутираа за досега отпочнатите проектни активности и нивната имплементација во наредниот период. За регионот од особено значење се активностите коишто ќе се реализираат до крај на годината, вклучувајќи го Самитот на ЕУ којшто ќе се одржи во мај во Загреб, како и Самитот на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот Процес којшто е планиран да се реализира во октомври годинава, во чиишто рамки Северна Македонија ќе биде домаќин на економскиот дел од самитот. Во меѓувреме менаџментот на КИФ, останува да работи во насока на уредување на институционалниот капацитет и јакнеење на проектните активности во рамки на КИФ. 

Азески во своето излагање потенцираше дека во наредниот период со поддршка од институциите на Европската Унија, КИФ ќе продолжи во насока на решавање на тековните проблеми во регионот на Западен Балкан со поголемо учество на владите од регионот во целокупниот процес.Тој најави институционално јакнење на КИФ, формирање заедничка арбитража и кредитно биро, како и олеснување на постапките за размена на стоки и услуги на граничните премини. Преку финансиски и осигурителни институции, кои имаат филијали во земјите од регионот, со одредени поволности, преку коморскиот инвестициски форум ќе работиме во насока на поттикнување на размената.


 - И понатаму ќе продолжиме да работиме на зајакнување на регионалната економска соработка преку активно лобирање и залагање за јавно-приватен дијалог меѓу бизнис заедниците, институциите и владите од регионот, како и  решавање на проблемите поврзани со зголемување на интрарегионалната трговска размена, зголемување на размената на регионот со земјите од Европската Унија, зголемување на странските инвестиции, слободно движење на стоки и луѓе, како и дигитализација на процесите во шесте земји од регионот со цел поврзување на институциите и намалување на постапките за соработка во регионот но и со Европската Унија. - додаде Азески.

Коморскиот инвестициски форум застапува 350.000 компании од регионот на Западен Балкан, како асоцијација која е основана од шесте комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово), во рамките на Берлинскиот процес, како резултат на заложбите за зајакнување на регионалната економска соработка, заснована на дијалог и взаемна доверба


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката