Азиски хакери „олеснија“ сметки на босански фирми
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2016
Во неколку наврати хакери од Азија украдоа пари од сметките на малите и средни фирми во БИХ.
Материјалната штета се проценува на над половина милион марки.
Она што посебно загрижува е фактот дека на удар на хакерите биле семејни фирми од РС кои работеле со странство.
Корисничките имиња и шифри на овие фирми, хакерите ги собрале од забранети форуми ширум светот, пишува ЕуроБлиц, пренесува Сеебиз.
Штетата која хакерите ја предизвикале е огромна, затоа што фирмите преку ноќ останале без основни средства за работа.