БАГАТЕЛА ЦЕНИ: УЈП распродава запленети автомобили, земјишта и станови
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2017
Градежни земјишта, автомобили, станови и деловни објекти се дел од движните и недвижни предмети за кои Управата за јавни приходи објави повик.
На седумнаесетата аукција УЈП продава работи кои се запленети од даночните обврзници со неподмирени долгови.
Од она што може да се забележи е дека се продаваат автомобили а оние на кои наидовме се движат од 65 па се до 123 илјади денари.
На аукцијата може да се најде Мерцедес бенз по цена од 151.161 денари, сеат толедо за 230 000 денари, Пежо боксер за 237.539 денари.
Се продаваат и мебел, компјутери, печатари и томографи, потоа машини за шиење, кроење и слично.
Стварите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат.
На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.
Повеќе информации во врска со аукцијата, може да најдете овде.