БАЈДЕН ГИ ОТВОРИ КАРТИТЕ: Влегувам во „екстремен натпревар“ со Кина, а што ќе се случи со Иран?
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2021
Новиот американски претседател ги откри своите планови за Кина.
Џозеф Бајден најавува „екстремен натпревар“ со Кина, но не сака да гради односи засновани на конфликт под неговата администрација на САД.
Бајден признал дека од инаугурацијата на 20 јануари не разговарал со кинескиот претседател Си Џинпин, но потсетил дека тој и кинескиот лидер се состанале повеќе пати, кога двајцата биле на должноста потпретседатели на своите држави.
„Добро го познавам“, рекол Бајден за мрежата Си-Би-Ес, и додал дека, кога ќе разговараат ќе имаат многу теми за разговор, пренесува АП.
Од преземањето на претседателската должност, Бајден разговарал со лидерите на Канада, Мексико, Велика Британија, Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, и со генералниот секретар на НАТО, но имал работен состанок и со рускиот претседател Владимир Путин.
А каква ќе биде политиката на Бајден кон Иран?
Извесно е дека САД нема да ги укинат санкциите кон оваа земја.
Доколку Техеран прво не го сведе ограничувањето на ураниум на ниво договорено во рамки на меѓународниот договор од 2015, Бајден рекол дека нема да ги укине економските санкции за Иран.
Иранскиот врховен лидер рекол дека САД би требало да ги укинат своите санкции доколку Вашингтон сака Техеран да ги преобрати своите нуклеарни чекори.
Фото: ФБ/ Joe Biden