17 Мај, 2024
0.0269

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

Објавено во: Економија 30 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ланската добивка беше навистина солидна, а како таа ќе се дели ќе одлучат акционерите на „Фершпед“ на 31 мај оваа година.

Од компанијата стигна предлог како да се распредели ланската добивка, и од неа нема да се дели дивиденда, но затоа дивиденда ќе се подели на акционерите од нераспределени акумулирани добивки кои биле остварени во минати години. 

Па така, ланскиот чист профит на „Фершпед“ изнесувал нешто повеќе од два милиони евра, што е одличен резултат, но компанијата покажува дека мисли на својата стабилност и перспективи, па затоа поголемиот дечл ќе го чува во форма на нераспределена акумулирана добивка, додека, пак, еден исто така значаен паричен дел ќе биде наменет за инвестиции во компанијата. 

Така прават компании кои мислат на својата иднина и перспективи за развој.

Но, тоа не значи дека акционерите нема да земат дивиденда, а таа ќе биде во вкупен износ од близу 200 илјади евра или прецизно 191 илјади евра во бруто износ, а изворот на овие средства е акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години.

  Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 720 денари, а ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите. 

Датумите за исплата на дивиденда се утврдуваат по следниот дивиденден календар, и тоа последен ден на тргување со право на дивиденда е 17 јуни, прв ден на тргување без право на дивиденда 18 јуни, а датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право надивиденда е 19 јуни.

Од компанијата објавија дека дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30 септември 2024 година.

Највисока сума на дивиденда ќе добие акционерот „Макошпед“, компанија која има најголем сопшственички удел во „Фершпед“ од 19,65 отсто, или тоа значи дека оваа компанија би требало да земе бруто дивиденда од околу 38 илјади евра.

Втор по големина акционер е Драган Наков, кој е воедно и прв извршен човек на компанијата, а кој согласно со својот акционерски пакет од 11,83 отсто ќе добие нешто помалку од 23 илјади евра дивиденда.

Додека, пак, неговиот брат Сашо Наков, клој располага со 11,04 отсто од акциите, би добил дивиденда од 21 илјади евра.

Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од акциите, што значи би инкасирала на име на дивиденда сума од 18 и пол илјади евра. 

Акции имаат и 225 домашни физички лица кои поседуваат вкупно 24,д8 отсто од акциите и сразборно на тоа вкупно би зеле 46 и пол илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра