БАНДИ КИДНАПИРААТ, СИЛУВААТ, УБИВААТ: Ова се случува во престолнина на една држава
Објавено во: Свет 06 Декември, 2022
Вистински хаос се случува на Хаити. Спротивставени банди ја поделиле престолнината, киднапираат за откуп, силуваат и убиваат во својот дел на Порт-о-Пренс. Границите можеби не се видливи, но морате да ги знаете затоа што од тоа можеби ви зависи животот, пишува „BBC“.
Вооружени групи тероризираат најмалку 60 проценти од престолнината и околината, според информациите од локалните групи за човекови права. Го обиколиле градот, ги контролираат приодните патишта. Само до јуни биле убиени речиси 1.000 луѓе, тврди ОН. Од јуни до септември убиени, ранети или исчезнати се 1.377 луѓе.
Градот е поделен на зелена, жолта и црвена зона. Зелената значи дека нема банди, жолтата: денеска може да биде безбедна, но утре смртоносна, додека црвената означува забрането подрачје. Зелените зони се намалуваат.
Претседателот Ховенел Моис е убиен во својот дом во јули 2021-ва година. Полицијата обвинила колумбиски платеници, дваесеттина од нив се уапсени, но никој не е осуден. Нема функционален парламент, премиерот Ариел Хенри има мала поддршка. Како што ОН, скоро половина од населението, околу 4,7 милиони жители на Хаити, се соочуваат со глад.