Банка наплаќа ако се подигне нова картичка од шалтер, а бесплатно е по пошта - Чудна политика во Србија
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2017
Жителка на Белград за спрски Блиц открива дека се зачудила кога отишла во банка за од шалтер да си ја подигне новата картичка. Таа не сакала да чека да и пристигне по пошта што е бесплатна услуга бидејќи често во нејзината зграда пратките се губеле. Затоа отишла на шалтер во банката но, за да ја подигне картичката и побарале да плати неколку стотина српски динари.
Оваа политика на една српска банка која засега не се открива за јавноста се должи на тоа што компанијата има воспоставено ефикасен и децентрализиран систем со дистрибуција на новите банкарски картички преку пошта.
Така банката се обидува да ги демотивира корисниците да ги подигнуваат картичките на шалтер бидејќи се губи од работните обврски и се создаваат дополнителни задачи, па затоа и граѓаните мора да ја платат оваа услуга, објаснува Душан Узелац.