20 Декември, 2025
0.1094

Банкарските тајни откриени-Робин Худ ја завршил својата мисија

Објавено во: Свет 28 Април, 2013 12:05

Добивај вести на Viber

Убедени дека  нивното богатство под швајцарскиот катанец е недопирливо, тајкуните, нарко-трафикантите и перачите на пари му се наостриле на недофатливиот Робин Худ. Нов вид на Робин Худ, способен со информатички вештини да ги разоткрие стотиците илјади швајцарски сметки и да им помогне на даночниците да ги наполнат испразнетите буџетски каси, ги раскарал овие денови правосудствата на Шпанија, Швајцарија и Франција. Екстрадиција е тоа што бараат швајцарските власти  на 40-годишниот Ерве Фалсијани бидејќи во 2008, кога бил вработен како информатичар во швајцарскиот огранок на ХСБЦ банката, на својот лаптоп пренел детални податоци за најимотните штедачи од разни зеји членки на ЕУ. Швајцарија го обвинила за индустриска шпионажа и издала по него меѓународна потерница. Како и каде сѐ се криел не се знае, но се знае дека во јуни минатата година со бродче допловил од Франција во Барселона, каде бил уапсен. Претходно американските разузнавачки служби му јавиле дека животот му е во опасност и дека е најдобро да отпатува во Шпанија каде ќе се најде на посигурно тло, изјавил пред една недела Фалсијани. Тоа и се случило. Шпанците го уапсиле, обврзани да се придржуваат до меѓународните договори, но Фалсијани се чувствувал „побезбедно во затвор отколку на слобода“, им објаснил на новинарите. Потоа бил пуштен на привремена слобода, но шпанските власти добро го чувале. Никој не се плашел дека ќе побегне, бидејќи тој немал веќе каде да се засолни а за тоа да не дознаат збеснатите клиенти на швајцарската банка. Во Шпанија јунак, во Швајцарија криминалец Овие денови  Фалсијани се појавил пред државниот обвинител за да се реши дали Шпанија да ѝ го предаде на Швајцарија каде го чека судење и затвор. Се појавил со изменет личен опис, подраснати мустаќи и брада и со очила со дебели рамки. Судењето завршило во негова корист, што не е чудо. Благодарение на Фалсијани, шпанската држава успеала на име на ненаплатени даноци и казни да собере 260 милиони евра, да ги разоткрие фискалните бегалци и да ги заплаши останатите кои сѐ уште не се откриени. Освен на државните органи на Шпанија, Франција и други земји на ЕУ, податоците на Фалсијани не им послужиле ниту на еден поединец или сомнителна организација. Овој млад човек сведочел како дошол на идејата за својата акција во духот на Робин Худ. Како, работејќи во банката сфатил дека таа, држејќи се до своите правила, практично го поттикнува фискалниот криминал, и предложил да се изгради нов информациски систем за ваквата практита да се избегнува. Неговите претпоставени го одбиле тоа. Се знае дека во Франција, каде што живеел неколку години по заминувањето од Швајцарија, податоците од својот лаптоп му ги понудил на обвинител во Ница. Полициската истрага немало да може да се заврши без помошта на Фалсијани. Податоците во неговиот компјутер исто така биле „дебело“ шифрирани и заштитени. Постоеле две бази на податоци кои се наоѓале на сито место. Само кога овие два списоци ќе се поклопат, што без современиот Робин Худ е невозможно да се направи, од компјутерот се добиваат имињата и презимињата на илјадници даночни прекршители. Очигледно свесен ваквата негова борба денес е ретка и храбра, Фалсијани на судот во Шпанија одржал и завршен говор. -Борбата против финансиските малверзации, според моето лично убедување, би морала да биде суштина на сите демократски држави. Таа битка почна да се води во банкарските згради и во државните органи. Потребно е државите да ги откријат и објаснат акциите што ги презеле, за да се види дека тие не се само празни зборови и декларации“, кажал тој. Сепак Робин Худ нема да ѝ биде предаден на Швајцарија, но ќе соработува со државните органи на членките на ЕУ, за барем во европските даночни оази да се избегнат измамите.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот