06 Мај, 2024
0.0233

Банки и пензиски фондови поседуваат над 1,6 милијарди во записи

Објавено во: Економија 18 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Над 1,6 милијарди евра – толку е состојбатана државните хартии од вредност заклучно со 10 септември годинава. Министерството за финансии впрочем за толку пари издало хартии од вредност со различна рочност- а за да ги покрие старите долгови, постојано продава и нови записи и обврзници. Овој тип на финансирање на буџетските пореби не е нов, а е својствен и за другите држави. Вчера Министерството за финансии на вонредна аукција која не била одржана претходно понуди 12 месечни државни записи во вкупна вредност од 18 милиони евра, но и 15 годишни државни обврзници во износ од 44 милиони евра.

Фактор ја анализираше вкупната состојба на запишани хартии од вредност. Од сите, заклучно со 10 септември триесетгодишни обврзници се во вкупна вредност од 102 милиони евра. Петнаесетгодишните обврзници кои до тој момент се запишани вредат 525 милиони евра, додека десетгодишните се во вкупна вредност од 82 милиони евра. Состојбата на долгот на петгодишните обврзници изнесува во септември над 136 милиони евра, а на тригодишните над 91 милион евра. Едномесечни, тримесечни и пестмесечни во моментов не се запишани, додека кај едногодишните состојбата е 526 милиони евра. Двегодишните пак се запишани во износ од 118 илиони евра.

Инаку заклучно со август најмногу од записите или над 39 проценти од нив имаат приватните пензиски фондови, а банките поседуваат над 34 проценти од издадените државни обврзници. Осигурителните компании имаат нешто над седум отсто од записите, додека во категоријата друго се околу 18 отсто. Инаку записи имаат и физички лица ама процентот е занемарлив.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години