Банките во Хрватска ги спуштаат каматите
Објавено во: Балкан, Економија 28 Ноември, 2015
Загребачка, Сплитска, Ерсте, ОТП, ХПБ и ПБЗ банките најавија намалување на каматните стапки на кредити од 1 јануари 2016 година.
Како што пишува Вечерњи лист, тоа ќе бидат три полни години на тренд на пад на каматите на домашниот пазар. Загребачка банка по намалувањето на вредноста на националната референтна камата (NRS), која искажува просечен трошок на финансирање на банкарскиот сектор, камати на стамбени кредити во куни ќе ги намали за 0,20 постотни поени, кредитите во евра 0,22 постотни поени.
Кај останатите видови на кунски кредити каматната стапка ќе падне 0,18 , кај кредитете во евра 0,23 постотни поени.