28 Април, 2024
0.0289

Бараат минималец за 20 отсто повисок од минималните трошоци за живот

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Словенија има предлог закон за минимална плата со која се предвидува нова формула за утврдување од 2021 година.

Ова го предложи партијата Левица.  Претставена е и нова формула за стапката за зголемување на минималната плата за 2019 и 2020 година. Законскиот предлог веќе начелно го усвоија сите коалициони партии, известува агенцијата „СТА“.

Минималната плата која во моментов изнесува 638.42 евра нето, ќе биде зголемена следната година на 667 евра, односно на 700 евра во 2020 година. Сега минималната плата  ја одредува министерот задолжен за труд и тоа врз база на инфлацијата и тоа опционо на основа на другите макроекономски движења.

Според новата формула која ќе стапи на сила од 2021 година, минималната плата во Словенија ќе мора да биде повисока од минималните трошоци за живот за најмалку 20 проценти, што во моментов би изнесувало 736 евра месечно, изјави лидерот на Левица, Лука Месец на денешната конференција за новинари.

Вели дека формулата обезбедува „сите оние кои работат осум часа дневно повеќе да не бидат на границата на сиромаштијата, како досега“. Левица бара сите бонуси утврдени со закон и колективните договори да бидат исклучени од минималната заработка и да бидат исплаќани одвоено од 2019 година. Околу 42.000 луѓе, од кои скоро 35.000 во приватниот сектор, во моментов добиваат минимална плата. Меѓутоа, зголемувањето на минималната плата во јануари, ќе влијае врз примањата на околу 70.000 работници. 

Здруженијата на работодавци се воздржани затоа што работодавците стравуваат од падот на профитабилноста и конкурентноста, додека синдикатите ги поддржуваат најавените измени. Словенија е земја од поранешна југославија која може да се пофали со највисока просечна, но и минимална плата. 

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука