06 Мај, 2024
0.0255

БАРАЛ И ПРИМИЛ ПОТКУП ОД 600 ЕВРА - вработен во Платежната агенција уценувал фирма за земјоделски субвенции

Објавено во: Македонија 30 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Вработен во Платежната агенција земал поткуп, поради што заработи кривична пријава. 

Вчера Отсекот за економски крминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Струмица поднел кривична пријава против 38 годишниот И.Г. од Струмица, вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за сторено кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од кривичен закон.

Овој вработен во декември лани за една компанија од Бучим која користи земјоделски субвенции изготвил записник без да констатира неправилности, а потоа му рекол на газдата или да му даде 600 евра, или ќе направи нов записник со неправилности, по што тој ќе морал да ги врати земјоделските субвенции. И не амо тоа, туку дека и идната година ќе нема право да бара вакви субвенции од државата.

„Во декември 2019 година осомничениот извршил контрола над земјоделски површини сопственост на правен субјект од с.Бучим, општина Радовиш, за што изготвил записник без констатирани забелешки, а врз основа на тој записник на правниот субјект му биле исплатени субвенции согласно Програмата за финансиска подршка во земјоделството за 2019 година. Во април 2020 година пријавениот остварил контакти со управителот на правниот субјект и побарал од него да му исплати пари во износ од 600 евра, како награда за претходно изготвениот записник без констатирани неправилности, а ако не го стори тоа, тој ќе изготви нов записник со констатирани неправилности, поради што ќе мора да ги враќа исплатените средства и нема да има право да аплицира за доделување на субвенции следната година“, се вели во соопштението од МВР.

На 29 април, пак, годинава, околу 08.00 часот на локален пат од село Бучим кон Радовиш од страна на полицски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш е запрено патничко возило марка „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г., при што во возилото се пронајдени обележани банкноти во вкупен износ од 36.000 денари, кои претходно осомничениот ги примил од управителот на правниот субјект од село Бучим.

„И.Г. е лишен од слобода и по поднесена кривична пријава е предаден на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица, од каде е изведен пред судија на претходна постапка во Основен суд Струмица“, информира Полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта