18 Мај, 2024
0.0289

Бегалците во Германија одбиваат работа: „Гости сме на Меркел“

Објавено во: Свет 21 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Бегалците во Германија одбиваат да започнат работа со образложение дека се „гости на канцеларот Ангела Меркел“, пишува британското издание „The Express“, повикувајќи се на коментари на локалната германска администрација.

Градоначалникот на Валденбург (Саксонија) Берн Полерс коментира дека локалните власти трошат речиси 700 евра на човек за издржување на бегалците.

Според германското законодавство барателите на азил немаат право да работат, но можат да вршат волонтерска работа. Пред неколку месеци владата лансира програма за обезбедување на работа на бегалци - во форма на општествено корисна работа, при што плаќањето е 1,10 евра на час.

Кога сепак такво нешто им се предложи на бегалците, тие одбиваат и велат дека се гости, а гостите не треба да работат. Покрај обидите за убедување бегалците одбиваат да започнат каква било работа, објаснува уште Полерс.

Во градот Цвикау (Саксонија) сметаат дека со работа бегалците ќе бидат полесно интегрирани и прифатени во општеството. Затоа и локалната администрација нуди работа со минимална плата - малку над 20 евра за 20 часа работа. Кога сепак бегалците разберат дека во Германија има минимална стапка на плаќање од 8,50 евра на час, тие брзо напуштаат.

Полерс е свесен како ќе се одразат неговите коментари на аргументите на противниците на пристигнатите бегалци. Овој проблем, сепак треба да биде чуен поради средствата кои ги трошат локалните администрации за бегалците.

Во минатата година, германскиот канцелар Ангела Меркел беше убедена дека Германија може да се справи со бегалскиот бран.

Над 1,2 милиони бегалци - главно од Сирија, Ирак и некои африкански земји, пристигнаа во земјата, потсетува Politico.eu. Година подоцна Меркел изјави дека застанува зад зборовите и политичките одлуки и додаде: „Никогаш не сум тврдела дека ќе биде лесно“.

Германците сепак не се убедени дека Германија „може да се соочи“ со бегалскиот бран, покажуваат анкетите. И обвиненијата против Меркел се слушаат се повеќе јасно.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население