Белгија исплатила 120.000 евра на терористи?
Објавено во: Свет 13 Април, 2017
Белгиските социјални служби на терористи исплатиле помош од над 120.000 евра во последните две години, објавија локалните медиуми.
Станува збор за странски борци - локални граѓани кои заминале да се борат во друга држава. Според последните официјални податоци, 281 Белгијци се упатиле на џихад во Сирија и Ирак, а за 120 од нив се претпоставува дека загинале.
Разузнавачките служби постојано работат на ажурирање на листата на борците и овие податоци ги поднесуваат до социјалните служби.
Уплатените незаконски бенефиции ќе треба да бидат вратени во буџетот. Терористите чии семејства добиле социјална помош, се главно од Брисел и соседните градови.