Белград го „окупирале“ Турци, Бугари, Грци и Хрвати
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2016
Во Белград во првите пет месеци престојувале 315.362 туристи, што е за 14% повеќе од истиот период лани.
Од нив домашни туристи биле 59.954, што е раст за 11%, а странски гости биле 255.408, што е повеќе за 14%, соопштуваат од Туристичка организација Белград.
Од јануари до мај се остварени 676.018 ноќевања, што е за 11% повеќе.
Во Белград најмногу доаѓаат Турци, Хрвати, Бугари, Грци и државјани на БИХ.
Во мај 2016 година во Белград престојувале 86.374 туристи, што покажува раст од 11% во однос на истиот период лани.