БЕЛГРАД: Мигрантите по нови рути до богатите европски земји, преку Бугарија и Грција
Објавено во: Балкан 29 Март, 2018
Нови миграциски правци на Балканот преферираат странците кои сакаат да влезат во богатите европски земји што ги избрале.
Првиот пат е преку Бугарија и Романија, а вториот преку Грција и Албанија. Во исто време, стариот пат низ Македонија и Србија повеќе не е популарен. Ова го изјави претставникот на српската погранична полиција Миленко Вукадиновиќ.
Тој кажа дека Србија не се соочува со толкав голем број на мигранти како пред неколку години. Причината е дека границата е блокирана од страна на полицијата и армијата, поради што српските власти се соочуваат само со поединечни случаи на илегални имигранти.