БЕЛГРАЃАНИ, ШТО ТОА ПРАВИТЕ - метеж во трговските центри, многумина не ги почитуваат мерките
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2020
Белграѓаните се обидуваат да го искористат овој викенд и да купат се што е потребно за Нова година, но многумина не ги почитуваат епидемиолошките мерки пропишани од Кризниот штаб и Владата на Србија.
Сликите од еден од белградските трговски центри зборуваат погласно од зборовите, пишува српски Курир, објавувајќи и фотографии за да ја долови ситуацијата.
Пред продавниците има редици, повеќето од граѓаните не го почитуваат пропишаното растојание, поединците не носат дури ни маски или, пак, не им се наместени како што треба.
Присутните чувари не можат да ги предупредат сите прекршители на мерките.
Да потсетиме, ова е прв викенд со поопуштени мерки, односно за време на кој е дозволена работа на барови и трговски центри до 20 часот, по три викенди кога сè освен бензински пумпи, аптеки и достава на храна беше затворено.
Сепак, ова не е начин да се оди на шопинг среде борбата против вирусот корона.
Белград е град со најмногу заразени, денес имало 789 од нив, од вкупно 2.693 во Србија.
фото Курир.рс