Берлин и Париз ја враќаат идејата за супер држава, а ЕУ?
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Германија и Франција имаат подготвено проект за промена на Европската унија, кој предвидува длабока интеграција.
Документот од 10 страници е подготвен од германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер. Вчера германската канцеларка, Ангела Меркел ги собра колегите Франсоа Оланд, Матео Рензо и Доналд Туск во Берлин, за да подготват заеднички став пред самитот во Брисел. Штајнмаер и неговиот француски колега, Жан-Марк Еро го доставиле во името на своите држави проектот „Силна Европа во несигурен свет“. Тој бил подготвен минатата недела поради одлуката на Велика Британија да ја напушти унијата. Во проектот се нудат комплексни реформи во три области - безбедноста, миграциската политика и валутно-економската сфера. Станува збор за супер држава која ќе има заедничка армија, Кривичен законик, даночен систем и единствена валута.