Бертолучи не ја предупредил актерката за силувањето во „Последното танго во Париз“
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Холивуд е бесен за сцената со силување во „Последното танго во Париз“ од 1972 каде Марлон Брандо и режисерот Бернардо Бертолучи се договорила да снимаат без да и го кажат планот на актерката Марија Шнајдер.
Во сцената таа е силувана со путер, но иако Марлон Брандо тоа не го направил вистински нејзината гордост била повредена и не знаела што ја очекува, па Шнајдер низ годините изјавуваше дека се почиствувала на некој начин вистински силувана и понижена.
Бертолучи вели дека се уште стои зад својата одлука како режисер бидејќи сакал да добие вистинска реакција од Марија како жена, а не како актерка. Токму овие изјави ги разбеснија актерите и актерките во Холивуд кои побараа од властите да поведат истрага оценувајќи го чинот како силување. Бертолучи вели дека единствено жали што Шнајдер починала пред тој да и се извини што со Марлон Брандо не и ги откриле намерите.