БЕШЕ 7 НАЈБОГАТ ЧОВЕК ВО СВЕТОТ: Бразилски милијардер осуден на 30 години затвор
Објавено во: Свет 05 Јули, 2018
Поранешниот најбогат човек на Бразил Ајк Батиста е осуден на 30 години затвор поради корупција и перење пари.
Тој е осуден поради давање мито од околу 16,5 милиони долари на некогашниот гувернер на Рио де Женеиро Серз Кабрал поради местење јавни набавки.
Адвокатот на Батиста изјавил дека случајот против неговиот клиент е нејасен и дека ќе поднесе жалба, додека судот соопштил дека Батиста нема да биде упатен на издржување казни додека трае жалбениот процес.
Процесот против Батиста е дел од истрагата за перење пари и криење околу 100 милиони долари на сметките на странски банки, од кои според наведувања на Обвинителството 80 милиони му припаѓаат на Кабрал.
Батиста е во затвор од 2017та година кога е уапсен поради корупција.
Тој на листата на Форбс во 2012 година беше седми најбогат човек но богатството му се стопи следната година од банкротот на неговата нафтена компанија OGX.